КОНКУРС ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА И ЗАШТИТА НА ОКОЛИНАТА КАДЕ ШТО ЖИВЕЕМЕ

Меѓународно училиште Максимилијан од Скопје, како и секоја година така и оваа распиша интерен конкурс за најдобар есеј на следнава тема: 
„Здрава еколошка средина – здрав живот на планетата Земја“

Конкурсот траеше од 21.04.2022 до 26.04.2022 г.

Текстовите како и секогаш беа оригинални, самостојно изработени, индивидуални или под менторство на наставникот. Пријавените творби беа напишани на македонски и англиски јазик. Есејот ги отсликува размислувањата на учениците за мерките и предлозите за заштита на животната средина или местото каде што живееме. Затоа неопходно  е да размислуваат во насока на сочувување на истата. Важно е да се чувствуваат слободни, искрени и сигурни во тоа што го размислуваат и пишуваат.

Учениците добитници ќе добијат благодарници и книги!

Истите ќе им бидат доставени на завршната приредба на крајот од наставната година.