Поминете го летото на една од најатрактивните
локации во Европа! Нашите летни кампови за изучување на странски јазици, им
нудат на учениците избор за изучување на француски, германски, англиски и
италијански јазик. Овие програми се комбинирани со целодневни активности кои
создаваат незаборавно искуство.
Учењето на странски јазик во странство, дозволува
негова постојана примена за време на престојот, што е еден од најефикасните
начини на изучување на јазик. За тинејџерите, во овие кампови се креира
атрактивна и соодветна средина за учење која им дозволува целосно да
уживаат во искуството. Од динамични и интерактивни модели на учење, до културни
и забавни послешколски активности, овие кампови нудат целосна програма која им овозможува на учениците простој полн со возбуда и ентузијазам.