Меѓународна програма

 
 
 
 

ВОЗРАСТ НА УЧЕНИЦИ

 

 
Меѓународната програма за гимназиско образование е наменета за ученици од 14 до 18 години
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Добредојдовте во Меѓународното училиште Максимилијан каде што учениците го достигнуваат својот потенцијал низ високо поставени академски стандарди и стимулативна средина!

Меѓународното училиште Максимилијан има развиено наставна програма која ги задоволува специфичните потреби на учениците кои доаѓаат од сите средини, почнувајќи од основните предмети, низ широки трансдисциплинарни перспективи. Основа на нашиот пристап е охрабрување на учениците да се вклучат во изучување на широка лепеза од наставни предмети и да воспостават врски помеѓу нив.

Нашето училиште нуди флексибилна и стимулативна програма, поддржана со одлични ресурси и најсовремено обучен наставен кадар.
Стимулативната средина е одлично место а учениците да го подобрат својот перформанс преку развој на вештини за креативно размислување, истражување и практично решавање на проблемите. Овој пристап е совршена отскочна даска за напредок во академската средина.
Програмата поттикнува развој на знаењата, разбирање на наставната материја и вештини и тоа преку: содржините на предметите, примена на стекнатото знаење, решавање на нови и непознати ситуации, интелектуална стимулација, флексибилност, подигнување на свесноста и слично.

Првите две години од меѓународната програма се наменети за ученици на возраст од 14 до 16 години. Програмата е базирана на знаењата стекнати во претходната образовна фаза и се своевидно надополнување на тие знаења.
 
 
 
 
 
 
 

ПРЕДМЕТИ

 

 
За ученици од 14 до 16 години. Во прва и втора година гимназија, нашите ученици изучуваат 9 задолжителни предмети:
 
 
 
Англиски јазик
 
Македонски јазик и литература
 
Математика
 
Биологија
 
Хемија
 
Физика
 
Историја
 
Германски јазик
 
Спорт и спортски активности
 
 
 
Секој ученик избира и две од следните опции:
 

 
 
Уметност и дизајн
 
Музичко
 
Бизнис и претприемништво
 
Информатика
 
Вовед во психологија
 
 
Глобални перспективи
 
 
 

ВОЗРАСТ НА УЧЕНИЦИ

 

 
Меѓународната програма 2 за гимназиско образование е наменета за ученици од 16 до 18 години
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Нашите програми го следат стандардот за меѓународно образование. Тие се создадени од експерти, вкоренети во академската строгост и ги одразуваат најновите истражувања. Тие обезбедуваат силна платформа за напредување на учениците од една во друга фаза и се добро поддржани со квалитетни ресурси за учење.

Наставните планови и програми се често ревидирани, така што ги рефлектираат најновите докази за истражување и професионалната практика на учење земајќи ги предвид различните национални контексти во кои се изучуваат. Секој наставен план се креира во консултација со предметните наставници.

Меѓународната програма им помага на учениците да развијат способности кои се ценети од универзитетите, вклучително и:

  • длабоко разбирање на темите
  • вештини за размислување од повисок ред- анализа, критичко размислување, решавање проблеми
  • презентирање на кохерентни аргументи
  • независно учење и истражување.
 
 
 
 
 
 
 

ПРЕДМЕТИ

 

 
За ученици од 16 до 18 години, во прва и втора година гимназија
 
Напредна математика
 
Англиски јазик
 
Mакедонски јазик
 
Биологија
 
Физика
 
Бизнис и претприемништво
 
Економија
 
Информатика
 
Уметност и дизајн
 
Германски јазик
 
Спорт и спортски активности
 
 
Глобални перспективи
 
Парамери за оценување
Проценка Домашна работа Учество Разбирање Примена на знаења Однесување

Меѓународното училиште Максимилијан - Скала за оценување
УЧЕБНАТА ГОДИНА 2020/21
ОЦЕНКА:5+54321
ПРОЦЕНТУАЛЕН ОПСЕГ:95% – 100%85% - 94%75% - 84%65% - 74%50% - 64%0 - 49%