Основно образование

 
 
 
 

ВОЗРАСТ НА УЧЕНИЦИТЕ

 

 
Програмата за основно образование е наменета за ученици од 5 до 11 години. Од прво до шесто одделение
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Целта на нашата меѓународна програма за основно училиште е да ги балансира новостекнатите основни знаења со развивање на духот на креативност и љубопитност. Со цел да се постигне оваа рамнотежа, учениците учат низ квалитетно изработена и признаена меѓународна наставна програма која промовира учење низ самостојно истражување, критичко размислување, комуникација, отворен ум и размислување. Учениците на оваа возраст се охрабруваат да бидат независни мислители и да бидат одговорни за своите постапки и избори. Програмата е составена од истите теми кои се опфатени со програмата за предучилишна возраст што ја прави комплементарна со неа и ја комолетира. Во втората половина од програмата, предметната настава станува се повеќе дефинирана, особено во изучување на основните (носечки) предмети и тоа: Англиски јазик, Математика и Природни науки. Со влегување во шесто одделение, учениците се подготвени за предметна настава имајќи ја академската основа за истото.

Нивоа:

  • Ниво 1 – возраст на учениците: 5,5 - 6 години
  • Ниво 2 – возраст на учениците: 6 - 7 години
  • Ниво 3 – возраст на учениците: 7 - 8 години
  • Ниво 4 – возраст на учениците: 8 - 9 години
  • Ниво 5 – возраст на учениците: 9 - 10 години
  • Ниво 6 – возраст на учениците: 10 - 11 години
 
 
 
 
 
 
 
Наставна програма со три основни предмети: Математика, Англиски и Природни науки. Целата настава се изведува на англиски јазик.

Програмата е конкурентна на меѓународно ниво и е дизајнирана да биде културно прифатена. Вклучува високо квалитетна настава и ресурси кои се соодветни за националните, но и меѓународните училишта.

Нашата програма е целосно посветена на поставување силна основа за следните вештини: читање, пишување преку интегрирана настава по природни науки, ИТ, уметност и спорт. Учениците ги развиваат своите јазични вештини на англиски јазик преку читање, пишување, зборување и слушање.

Како дел од наставата по Природни науки, учениците ја истражуваат врската помеѓу животните и животната средина, создавањето на Земјата и релјефот, како и основите на физиката. Во програмата по Уметност, учениците учат интегрирани настава по танц, визуелна уметност, како и креативност. Ние сме посветени на развој на квалитетни програми на секое ниво на основно образование. Материјалите секогаш одговараат на најмодерните и најпрогресивните учебници за соодветната возраст
.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Начин на оценување

Напредокот и успехот н учениците се следи и оценува во текот на целата година.

Од прво до петти секој месец, учениците добиваат Извештај за напредокот. Овој извештај се подготвува за секој предмет и вклучува параметри кои го покажуваат напредокот на ученикот во текот на месецот.

Освен редовните тестови и проверки на знаењето, во текот на годината има две испитни недели. Првата испитна недела е на крајот на првото полугодие, додека втората е на крајот на второто полугодие.

На крајот на секоја учебна година, секој ученик се тестира за нивото на познавање на англискиот јазик.
Во исто време, на учениците им се прават проверки на знаењето како што се: континуирани проверки на напредок, самоевалуации, оценувања на врсниците, портфолија, квизови, тестови.
 
 
 
 
 

Основното училиште „Максимилијан“ го следи меѓународниот образовен систем со соодветен училишен распоред. Покрај тоа, нашите ученици следат проширена наставна програма, која ја користиме за да ги охрабриме надарените ученици, да обезбедиме напредни часови по англиски јазик од прво одделение и проектни активност од областа на дигиталните медиуми и ИТ.

 
 
 
 
 
 
 
 
International Baccalaureate (IB) Primary Years Programme (PYP) - Candidate School

Меѓународно училиште Максимилијан е кандидат училиште за меѓународната програма International Baccalaureate (IB) Primary Years Programme (PYP) - Candidate School* и продолжува со акредитација како Светско ИБ училиште.

IB World Schools споделуваат заедничка филозофија - заложба за подобрување на наставата и учењето низ разновидна и инклузивна заедница на ученици преку предизвикувачки, високо квалитетни програми на меѓународно образование кои споделуваат единствена моќна визија.


Повеќе информации за ИБ програмите: www.ibo.org.

 
 
 
 
 
 
 

ПРЕДМЕТИ

 

 
Преку основните предмети, учениците добиваат целосно образование што создава желба за учење, гради силна база на општото знаење и им дава можност на учениците да постигнат сет на вештини што ќе ги носат низ сите нивни образовни патувања и на крајот да бидат продуктивни и вреднувани граѓани во заедницата. Меѓу-културниот пристап се користи за да се покаже врската помеѓу стекнатото знаење и концептите од секојдневниот живот и да се создаде разбирање дека темите кои се изучуваат не можат да се набљудуваат изолирано од контекстот. Учениците се охрабруваат да истражуваат, да бараат решенија, да размислуваат критички и да ги развијат комуникациските вештини.
 
 
Англиски јазик
 
Англиска литература
 
Македонски јазик и литература
 
Математика
 
Основи на работа со компјутер
 
Природни науки
 
Општествени науки
 
Глобални перспективи
 
Спорт и спортски активности
 
Музичко
 
Фоника
 
Емпатија