Послешколски активности

 
 
 
 

ПОСЛЕШКОЛСКИ АКТИВНОСТИ И ЗОШТО ТИЕ СЕ ВАЖНИ

 

 
 
Времето кое учениците го поминуваат на училиште влијае на нивниот развој. Преку послешколските активности, учениците можат да ги развијат своите социјални вештини, да го подобрат перформансот на училиште, да создадат силни врски со нивните наставници. Учеството во послешколскиот клуб е поврзано со повисоки академски достигнувања и поголема самодоверба.

Учеството пак, во спортски активности придонесува за подобра здравствена и ментална состојба кај секое дете. Послешколските програми се посебно добри за деца кои имаат ниско познавање на англискиот јазик.

Послешколските активности се исто така важни бидејќи играат голема улога во грижата за децата. Според глобалните статистики, 60% од семествата со двајца родители и 71% од семејствата каде за детето се грижи еден родител имаат потреба за послешколска грижа за децата.

Овие програми овозможуваат конструктивни активности за децата кои имаат родители кои се постојано на работа и истите се прилагодени да секој може да си ги дозволи. Послешколските клубови се совршена средина каде секој ученик може да се развива, надградува и дружи со своите врсници.